„Пандев за претседател“ е насловот на угледниот германски весник, кој му посвети големо внимание на нашиот ас, кој после 122 меча и 38 гола во две децениската репрезентативна кариера се прости од националниот дрес на Европското првенство на кое Македонија дебитираше, а тој го постигна голот за историски пласман и голот на дебито на црвено-жолтите на континенталниот собир.
„Пандев во Македонија и икона. Нешто како Пеле или Кројф. Тој ја заврши кариерата во репрезентацијата, пред мечот од Холанѓаните доби дрес со бројот 122, колку што има настапи за Македонија, нејзин најдобар стрелец е, веќе од поодамна фудбалер со најмногу настапи во историјата. Сега се мисли дали да продолжи со Џенова, а договорот му завршува. Безмалку целата кариера ја мина во Италија, во 2010 година беше европски првак со Интер, а во Македонија го гледаат како иден претседател на ФФМ. И тоа треба да се случи, зашто ќе биде ефективна терапија за болката со разделбата од репрезентацијата“, пишува меѓудругото новинарот на „Зидојче Цајтунг“, Улрих Хартман.
Извор: спорт1
Comments are closed.