Легендарниот француски фудбалер и тренер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан во интервју за шпанските медиуми откри какви биле неговите фудбалски почетоци и дека бил дисциплиниран и надвор од фудбалските терени.
– Добро спиев, не бев идиот кој навечер ќе ги посети баровите, пиев само вода. Давав се од себе за да станам најдобар фудбалер. Тоа го сакав по секоја цена. Само така можев да ги направам среќни и горди моите родители. За да станете познат мора да бидете добар, а не како денеска. Прво мораше да покажете дека сте поразличен од другите, бидејќи во тој период можеше да има еден до два млади фудбалери во тимот. Денеска е се поинаку, се е многу побргу, а кога се во прашање фудбалерите, тие веќе не се плашат за своите грешки, – изјави Зидан.