Нови Сад утрово го потресе стравично злосторство. Тројца членови на семејството Пајиќ, мајка, татко и ќерка, беа најдени мртви во нивниот стан. Без знаци на живот полицијата ги пронашла Бранислав (57), неговата сопруга Нада (57) и нивната ќерка Мирјана Јанковиќ (32).
Сите тројца имаат повреди на главата, пишува српски Блиц.
За бруталното тројно убиство осомничен е сопругот на убиената Мирјана, Г.Ј. (36), кој според српските медиуми е во бегство, а полицијата интензивно го бара. Него Мирјана пред само две седмици го пријавила за семејно насилство и тогаш му е изречена забрана за приоѓање на соругата. Тој бил љубоморен и ја обвинувал дека има љубовник.