Горан Белојевиќ, професор на Медицинскиот факултет во Белград изјави смета дека пробиотиците се единствениот лек против короната.
Јас тврдам веќе 6 месеци дека оваа пандемија може да се запре само со пробиотици. Лекот е пред нас. “, рекол д-р Горан Белојевиќ и ја обвинил фармацевтската индустрија дека од пандемијата прави бизнис.
„Пробиотиците не се интересни, нема тука пари“, констатирал тој.
Професорот вели дека мутацијата на коронавирусот е важна поради вакцинацијата.
„Вакцинацијата е ризична затоа што се натпреварувате со природата, односно со агенс што се менува. Ако се промени толку многу, станува нов агенс и тогаш вакцината нема ефект“, смета Белојевиќ.
Важно е да се обезбеди доволна доза за ревакцинација и не смее да се случи вакцината за ревакцинација да истече, што е важно за ефективноста на самата вакцина.
„Најдобрата вакцина е кинеската, таа е единствената класична вакцина, сè друго е генетска манипулација“, рече Белојевиќ, додавајќи дека американската ФДА нема да ја одобри кинеската вакцина од политички причини.
Кина профитира од пандемијата и ако и биде дозволено да ја дистрибуира вакцината и во Америка и во Европа, ќе ја внесе во економска орбита, смета Белојевиќ.
Професорот додава дека кинеската вакцина е далеку најскапа, и тоа не е случајно, но ќе ја има најмногу, затоа што Европа и Америка нема да ја одобрат.
Тој истакна дека ја поддржува вакцинацијата, но дека нема да се вакцинира од научни причини.
„Не можам да се разболам или да ја пренесувам инфекцијата бидејќи од минатата година бев под постојана заштита од пробиотици. Јас сум единствениот во светот кој смета дека пандемијата може да биде запрена од пробиотици“, рече тој.