Не е невообичаено пејачите да доживуваат секакви анегдоти на своите настапи, а една од нив синоќа посебно ја изненади Јелена Розга.
Имено, популарна хрватска пејачка пеела во местото Папук, кога еден млад човек ја насмеал.
Тој кренал транспарент со слика од Јелена и напишана порака, пишува „Јутарњи.хр“.
„Земав боледување поради тебе. Може број?“, гласела пораката.
Розга му се заблагодарила, а потоа го праша колку години има.
Тој ѝ одговорил „19“.
„А јас пеам 27“, рекла Розга, на што публиката се насмеала, а на крајот само му се заблагодарила на момчето.
Овој интересен концертен момент на TikTok го сподели член на бендот на Розга, кој често споделува интересни моменти од нивните настапи.