Доктор Харис Бабичиќ по потекло од Македонија кој неколку години работи на Каролинска институтот во Стокхолм, Шведска преку својот Фејсбук профил ги изнесе своите гледишта за актуелната пандемиска состојба.
“Џон Јоанидис, лекар-епидемиолог, една од најголемите фаци во полето на валидност (англ. validity) и доверливост (англ. reliability), на почетокот на пандемијата има однапред укажано дека годинава науката и медицината ќе пропатат ради недостаток на валидни и доверливи студии кои ќе ги информираат лекарите и јавноста за пандемијата, изразувајќи загриженост за нивната критичка интерпретација и примена.
Меѓу останатите патњи годинава, многу необична и се уште докрај неразбирлива ми е масовната хистерија на примена на своја рака лекови за превентива и лекување на КОВИД-19, иако истите лекови не ги поминале клиничките опити за ефикасност во лекување на КОВИД-19 на голем број испитаници и не се верифицирани од независни тела. Дополнително интересно е што таа леснотија на лекување од рака е проследена со голема недоверба во безбедноста и ефикасноста на вакцините кои поминале испитувања на неколку десетици илјади испитаници и чии резултати биле верифицирани од независни тела.
Ми се чини дека Македонија би била многу интересна студија на случај на оваа тема од психосоциолошки епидемиолошки аспект, иако повеќето земји во светот се соочуваат со истиот феномен. Вака одоковно ми изгледа дека феноменот не е многу различно застапен меѓу здравствените работници наспрема граѓаните кои не се здравствени работници… Би било интересно да се утврди дали и зошто е тоа така… “ напиша доктор Харис Бабачиќ.