Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа изјави дека според прелиминарните податоци, најмалку 137 украински војници биле убиени од почетокот на руската инвазија, а 316 војници се ранети.
Во видео порака објавена на неговиот Фејсбук профил, Зеленски рече дека другите држави „се плашат“ да го поддржат влезот на Украина во НАТО.
-Кој е подготвен да го гарантира пристапот на Украина во НАТО? Искрено, сите се плашат. Ги прашав сите партнери на државата дали се со нас. Тие се со нас, но не се подготвени да не воведат во сојуз со нив. Без разлика колку разговори имав со странски лидери, слушнав неколку работи. Првата е дека сме поддржани. Благодарен сум на секоја држава што ни помага конкретно, не само со зборови. Но, има и второ – ние сме оставени сами да ја браниме нашата држава. Кој е подготвен да се бори со нас? Искрено – не гледам“, рече Зеленски.
„Денеска ги прашав 27-те лидери на ЕУ дали Украина ќе биде во НАТО, прашав директно. Сите се плашат, не одговараат. И ние не се плашиме, не се плашиме од ништо“, рече Зеленски.