Украинскиот претседател и се обрати на јавноста од неговиот кабинет во Киев.
Сакам да му пренесам порака на рускиот претседател, борбите се водат низ целата земја, ќе започнеме преговори и ќе спречиме луѓе да загинат“, рече тој.
Тој ги обвини европските лидери дека не преземале се што е потребно за да го забават напредокот на Русија.
„Како во Втората светска војна, рековте „никогаш повеќе“, но еве го повторно и не правите доволно за да одговорите“, вели тој.
Зеленски додава дека не е доцна да се запре руската агресија, под услов европските лидери да дејствуваат брзо и ги повикува граѓаните ширум Европската унија да излезат на протести и да ја принудат нивната влада да дејствува поодлучно.
„Сигурен сум дека го гледате ова – сите вие, цела Европа. Но, не гледаме што точно имате намера да направите во врска со тоа, како ќе се браните кога толку бавно и помогате на Украина“, рече тој.
„Сакам да им кажам на нашите војници, држете позиции, вие сте се што имаме“, рече Зеленски.
„Ако сте поминале воена обука во Европа и не сакате да ја гледате неодлучноста на вашите политичари, можете да се преселите во нашата земја и да ја браните Европа со нас таму каде што е најпотребно“, рече тој.