Кхан Тенгри е 24 искачен врв на Здравко Дејановиќ во негоивиот живот. Највисокиот северен врв на земјата каде што сибирската клима е големо добредојде. Врв кој се искачува без јажиња, каде силата во рацете и рамењата е важна, а главен адут е менталната сила. Тој сосема сам во Август ја почна сибирската и студена авнтура Кхан Тенгри врв на планината Тиан Шан на тромеѓето Кина-Киргистан-Казахстан. Глечери, тесни патеки, високи замрзнати ѕидови избор според искуство и способност за избор по која патека ќе тргнете, а звукот на ветерот и уривањето на ледените карпи е единствениот звук кој го слушате, раскажува Дејановиќ.
На патот кон врвот, помеѓу силниот свиреж на ветерот и ниските температури во кампот. Здравко слушнал глас од друга експедиција виоскогорци од еден од руските водачи кој му рекол дека имаат итно спасување. Двајца високогорци добиле висинска болест и морале веднаш да ги симнат. Здравко прифатил во голема бура да ги симне, кога по неколку часа луѓето од експедицијата се откажале и тој со нив двајца останал сосема сам. Тогаш ја видел смртта, најтешките моменти од ова искачување.
По спасувањето среќа кај спасените, а нова енергија за Здравко иако многу уморен тој продолжил кон врвот. А на врвот среќа што се искачил и секако што помогнал на двајца луѓе.
Успехот Дејановиќ го гледа во прифаќање на природните закони. Дипломиран физизчар, кому науката му помага во инстиктот во качувањето на планините. Интересено е тоа што тој не носи храна. Најважна е опремата која спасува живот и плинските боци за стопување на снег за вода за пиење и секако овошните пудри растворени во водата кои му даваат енергија за илјадниците искачени метри. Негов нареден предизик е Нанга Парбат деветтиот највисок планински врв во светот.