Здравко Чолиќ ги собори сите рекорди кога станува збор за бројот на концерти закажани еден по друг како и заработката од нив. Имено, за шесте концерти во „Штарк Арена“ во Белград и продаде повеќе од 100.000 влезници, Чола инкасираше рекордни 2.400.000 евра, а од тие пари неговата чиста заработка е 1.800.000 евра.
За секој концерт тој мораше да плати 40.000 евра данок на државата, а за шест концерти сумата е 240.000 евра. Покрај тоа, поскапа му беше и Арената, за која Здравко мораше да издвои по 22.000 евра, изјавил неименуван извор и додал дека пејачот имал и околу 600.000 евра трошоци за организацијата на концертите, односно, за членовите на групата, танчерките, озвучуваањето и осветлување, обезбедување… но и чиста заработка од 1.800.000 евра.