Џони Деп (61) по две години турбулентна судска драма со поранешната сопруга Амбер Херд, актерот среќата ја најде во 28-годишната руска козметичарка и модел Јулија Власова. Џони и Јулија се запознале во 2021 година, наведува „Дејли мејл“.
Извори блиски до актерот потврдија дека врската е „случајна“ и дека парот се гледа „тука-таму“ во последните две години. „Дејли мејл“ пишува дека двајцата биле видени како разговараат додека патувале од хелиодром во Лондон минатиот четврток.
Таа подоцна беше видена како се дружи со Деп на концертот на неговиот пријател и сега веќе покоен музичар Џеф Бек во Прага во јули 2022 година. Манекенката не ја потврдила природата на нивната врска, но ја навестила романса преку своите објави на Инстаграм.
На почетокот на оваа година, манекенката сподели фотографија на која двајцата ги потпираат рацете на нозете како одговор на прашањата и одговорите на Инстаграм со нејзините следбеници кои ја прашаа кој е нејзин „омилен актер“.
Објавите на социјалните мрежи сугерираат дека русокосата убавица поминува многу време и во Велика Британија, каде Деп главно се наоѓа по турбулентната правна битка и разводот. Славниот актер во моментот живее во Лондон каде е зафатен со нови филмски проекти и оди на турнеја со својот бенд.