По трансферот на Бразилката Роналдиња, женски фудбалски прволигаш, Љуботен од Тетово ангажираше и босански фотомодел со импресивна интернационална кариера и статус на репрезентативка на БиХ.
Станува збор за Сенада Муратовиќ, која во Тетово доаѓа од босанската екипа Модрача, а која претходно има играно со Ујпешт, Слобода, Градина, а имаше и договорен трансфер со италијански Торино, но се повреди пред да се оствари.
„Згодната Сенада е незгодна на теренот. Со супер брзата Муратовиќ во составот ЖФК Љуботен добива на пробивност на крилните позиции, со која очекуваме уште поубоит и разноврстен напад“, напишаа од ЖФК Љуботен.