Денеска во Белград почина фудбалската легенда Драгослав Шекуларац. Тој е роден во Штип на 8 ноември 1937 година. Основното училиште, четири години гимназија, како и метереолошкото училиште ги завршил во Белград. Меѓутоа, училиштето не му било приоритет, бидејќи фудбалот станала негова најважна преокупација.
Популарниот „Шеки“ бил втора голема „ѕвезда“ по Рајко Митиќ. Веројатно бил еден од најдобрите дриблери во историја на југословенскиот фудбал. Играл во средниот ред. Бил постојан член на фудбалската репрезентација на Југославија, и во тоа време бил нејзин најдобар поединец. Одигра 41 натпревари и постигнал шест голови за репрезентација на Југославија. По инцидентот на еден натпревар бил казнет со две години неиграње и со тоа кариерата нагло ја прекина.
Пред некоја година на Шекуларац родниот Штип му подигна споменик.