Неверството предизвикува различни реакции кај мажите и кај жените, а често е „зачинето“ со спектакл на јавно место, како неодамна во Богота.
Следната приказна е снимена во Колумбија, а е придружена со урнебесно видео кое се појави на мрежите.
На почетокот гледаме жена како тропа на вратата од една куќа и вика по маж, веројатно нејзиниот сопруг. Неколку моменти подоцна се појавува мажот со крпа околу половината и настанува хаос.
Не ја пушта жената внатре, а урнебесната сцена со љубопитност ја следат соседите, од кои некои гласно навиваат, пренесува Kalle Blu Radio.
Среде хаосот, мотоциклист се паркирал пред куќата, а потоа низ другата врата излегла атрактивна црнка во долна облека! Таа се качува на моторот и забрзува далеку од „местото на злосторството“.
Гледаме дека црнката се смешка, додека бесната жена се обидува да ја удри со нешто, но не успева.
Се вели дека ова не било крајот на маките на неименуваниот маж, бидејќи жената потоа втрчала во куќата и ги фрлила неговите работи на улица.
https://twitter.com/i/status/1684236818777092097