-Третата доза од вакцината против ковид-19 сите ќе мора да ја примиме за 6, 8 или 12 месеци, која и да ја избереме, – вели српскиот епидемиолог д-р Бранислав Тиодоровиќ за „ТВ Прва“.
– Така сме навикнати и кога станува збор за грипот. Прво се даваат две дози, а потоа секоја година се дава по една доза. Веројатно ќе ја имаме таа ситуација и со оваа болест – рече Тиодоровиќ за ТВ Прва, а пренесува „Танјуг“.
Тој изјави дека не е потребно сите да бидат тестирани за антитела и да „прават драма“ затоа што, како што истакна, сите четири вакцини што во моментов им се достапни на граѓаните на Србија развиваат антитела кои штитат.
Тој додаде дека дали тие ќе се задржат подолго или пократко, зависи од видот на вакцината.