Каролина Флек, пред повеќе од една година, беше пронајдена мртва во нејзиниот стан во 2020 година. Како што тогаш нагласија адвокатите, британската водителка извршила самоубиство, а една година подоцна странските медиуми ја објавија нејзината последна порака која неколку дена претходно ја објавила на Инстаграм, а која до денес не била откриена.
– Во рок од 24 часа, целиот мој свет и мојата иднина исчезна под моите нозе. Отсекогаш сум ја преземала одговорноста за она што се случи таа вечер, но вистината е дека тоа беше несреќен случај – напишала водителката само неколку дена пред смртта и додала:
– Долго време имам некаков емотивен слом. Ја изгубив работата. Својата куќа. Мојата способност да зборувам. Вистината ми беше одземена и користена за забава – пишувало во нејзината последна порака.