Жена од Русија чиј идентитет не е откриен, но која полицијата ја претставува како Екатарина Б, побегнала од подрумот каде што киднаперот ја чувал 14 години. Таа сега има 33 години, а е киднапирана во 2009 година. Девојката на полицијата рекла дека целото време била изложена на сексуална злоупотреба и дека е силувана повеќе од 1.000 пати, пренесуваат руските медиуми.
Осомничениот Владимир Ческидов (51) моментално се наоѓа во психијатриска болница, под полициски надзор, а се соочува со обвиненија за убиство, силување и киднапирање.
Ческидов, наводно, убил уште една жена, 30-годишната Оксана, во 2011 година, соопшти Рускиот истражен комитет. Траги од тоа злосторство биле пронајдени во подрумот, Дејли мејл ги пренесуваат руските медиуми.
Неговата мајка, Валентина, живеела во истата дрвена фарма во Смолина, регионот Чељабинск, и била свесна дека тој киднапирал жени, според извештаите.
Екатерина успеала да побегне откако мажот се напил, а мајката повикала брза помош поради него, велат од полицијата. Девојката била од „проблематично семејство“. Ја барала само нејзината сестра, а другите роднини не ја барале.
Се додава дека отворена е истрага и за судбината на неговиот татко и неговата поранешна сопруга, чија смрт сега е под знак прашалник.