Доживотниот претседател Јосип Броз Тито сакал СФР Југославија по секоја цена да добие Оскар, па затоа собрал славни имиња за за петтиот најскап филм на сите времиња надвор од англиско говорно подрачје, „Битката на Неретва“. Сергеј Бондарчук, Јул Бринер, Ентони Донсон, Орсон Велс и многу други славни имиња на светската кинематографијата, како и најдобрите актери од просториите на поранешна Југославија, се собрале за под режисерскат палка на Велко Булајиќ да се обидат да стигнат до Оскар.
Сепак, на Тито и натаму нешто му недостигало. Му фалело големо уметничко име, а тоа е Пало Пикасо, па наредил реномираниот сликар да го направи плакатот за „Битката на Неретва“.
Булајиќ на агентот на Пикасо во Париз му предложил да го замоли уметникот да направи плакат за „Битката на Неретва“. Проучувајќи ги настаните во филмот, Пикасо потврдил дека тоа ќе го стори, но побарал бојата на плакатот да биде црвена. Всушност силната црвена боја на плакатот симболизира херојство, страдање, крв и борба за слобода.
Снимањето на филмот траело 18 месеци, а Пабло Пикасо ја дизајнирал англиската верзија за плакатот на филмот.
Интересно е дека шпанскиот уметник не побарал никаков хонорар, освен 12 шишиња вино од Југославија.
Инаку, Пикасо во својата кариера насликал плакати само за два филмски проекти. Едниот за шпанскиот филм „Андалузиско куче“ од 1929 година, а вториот за „Битката на Неретва“.