Жена од Мичиген поради коронавирусот остана без целото семејство. Прво починал нејзиниот сопруг со која била 35 години во брак, па останали и без синот единец. Тие починале во интервал од само три дена, пренесува Dejli mejl.
Сенди Браун прво со синот Фреди (20) морала да гледа како нејзиниот сопруг ја губи битката со вирусот на интензивната нега во болницата во Детроит.
Нејзиниот син бил примен во болница откако татко му се разболел. Двајцата завршиле на интензивна нега.
Три дена откако го загуби мажот, Сенди остана и без синот единец.
-Не постои збор со кој можам да ја опишам мојата болка, тоа е незамисливо – рекла Сенди.
Таа не можела да се прости за последен пат со нив поради пандемијата на болеста.