Северина Којиќ го ангажирал адвокатот Денис Хусеин во судскиот спор кој го води со екс сопругот Милан Поповиќ околу старателството над синот Александар. Хусеин е познат на хрватската јавност како насилник кој пред неколку години ја истепал својата сопруга пред малолетниот син, а едно време бил и во затвор.
Претходно, Северина веќе подолго време не можела да најде адвокат пради нејзиниот проблематичен случај. Најпосле го ангажирала Денис Хусеун кој прифатил да ја брани.
“ На Северина не и сметаше што тој бил во затвор поради злоставување на сопругата кога и и го зема синот. Хусеин ја тепал Ирина пред детето, а неколку пати и и го земал, па жената пријавувала во полиција. Поради тоа тој беше и во затвор. Како таков човек може да се бори за правото на едно дете“ – изјавил извор за телеграф.рс.
Инаку, Северина остана без адвокат бидејќи предходниот и го откажа полномоштвото, наводно поради ненаплатен хонорар, односно, огромен долг.