Од понеделник во Грција ќе започнат да работат борделите, но според строги правила.
Имено, посетите се ограничени на 15 минути по клиент, се препорачува и сексуалниот работник и клиентот да носат маски, а меѓу нив да има растојание од најмалку една подлактница, објави Си-Ен-Ен.
Вратите и прозорците треба да бидат отворени за да се овозможи влез на свеж воздух, а плаќањето ќе биде само со картичка.
Паралелно, сопствениците и менаџерите на јавните куќи ќе треба четири седмици да ги чуваат податоците на клиентите доколку се појави позитивен случај на Ковид-19 и да треба да се направи проверка на контактите.
“ Па кој клиент ќе сака да остави лични податоци? Ви велам, ќе има гладни!“, – вели Ана Короупоу, трансексуалка која ја води групата за подршка на сексуалните работници, “Црвени чадори“.
Инаку, и други земји размислуваат повторно да дозволат работа на сексуалната индустрија, така што холандската влада планира повторно да ги отвори борделите на 1 септември, иако има повици да го сторат тоа порано.