Култниот бренд „Sports Illustrated“ пред неколку дена претстави колекција на костими за капење на ревијата во Мајами, на која учествувале манекенки со различни градби, телесна тежина и години.
Пораката е јасна: суштината на убавината е во различностите.
„Sports Illustrated“ уште претходно ги отвори вратите за плус сајз моделите, следејќи ги промените на светската модна сцена. Промените во модата беа дури и неопходни по годините дискриминација на покрупните модели, а и наметнатите потреби на пазарот односно жените кои сè погласно се жалеа на фактот дека познатите модни куќи произведуваат облека само за слаби жени.
Револуцијата во модата, како што се нарекуваат промените кои придонесоа за порамноправна модна сцена, влијаеше позитивно на самодовербата на голем број девојки и жени.
Какви модели за лето 2022 година нѝ подготви „Sports Illustrated“, погледнете во продолжение:







