Британската нискобуџетска авиокомпанијата Изиџет (easyJet) од понеделник воспоставува сезонска авиолинија Скопје – Женева, Швајцарија.
Скопје ќе се поврзе со швајцарскиот град три пати неделно, односно секој понеделник, четврток и петок, од 1-ви ноември 2021 до 25-ти март 2022 година.
Првично на релацијата ќе има по два лета неделно, секој понеделник и петок, а од декември ќе има зголемување на три лета неделно. Летот ќе трае два часа и 15 минути.
Како што е наведено на веб стрницата на авиокомпанијата цената на билетот од Скопје за Женева доколку букирате лет за понеделник ќе ве чини 105 фунти (7.679 денари), а обратно 46,56 фунти (3.400 денари). Додека доколку букирате лет за 6- декември цената на билет од Скопје до Женева чини 18 фунти (1.316 денари).
Според анализите на ОАГ, во предпандемската 2019 година на релација Скопје – Женева индиректно патувале 3.923 патници, додека лани само нешто над 600 патници, пишува exyuaviation.com.
Како што изјавија претходно од Изиџет, оваа нова сезонска авиолинија ќе им овозможи на клиентите да ги посетат своите семејства и пријателите, или да го откријат градот на раскрсницата на Балканот, богат со повеќе влијанија, како и со бројни културни и природни локалитети.
Женева ќе биде третата дестинација од Швајцарија со која од Меѓународниот Аеродром Скопје ќе има воздушна конекција, по Цирих и Базел.