Пратеничката Фросина Ременски му напиша љубовна роденденска честитка на сопругот Јовче.
Таа меѓудругото ми напишала:
СРЕЌЕН РОДЕНДЕН ЉУБОВ МОЈА ❤
Вистинските вредности, мотиви и цели за иднината доаѓаат од љубовта и почитувањето како извори на животот на една душа во две тела. Без нив не може да се достигнат, вреднуваат и почитуваат нештата што ги создаваме и градиме заедно – нашите деца, нашиот дом, домашното воспитување, човекољубието, правдољубието и слободата кој не смее да биде заложник на ништо.
Инаку, Фросина е подолго време во брак со Јовче Ременски, кој е вработен во УБК. Двојката има два сина.