Пејачот Александар Белов стана татко. Неговата сопруга Јелена роди ќерка која ќе се вика Мина. За раѓањето на бебето Александар дознал среде настап, додека пеел за дочекот на Стара нова година во ресторан во Крагуевац.
“13.01.2022. Фала ти Боже што ни дозволи да станеме родители…Јелена Белов фала ти што на свет ни ја донесе нашата нова заедничка љубов…Се роди Мина Белов!, напиша пејачот на „Фејсбук“.
Неготинскиот пејач денеска живее во Србија, од каде што е и неговата сопруга, а таму продолжи со настапите со свој бенд.