Студентката Мелиса Роф, која се натпреварува во финалето на изборот за Мис на Англија, стана првата натпреварувачка без шминка во 94-годишната историја на натпреварот.
Мелиса (20) ги импресионираше судиите во Лондон во текот на полуфиналето во понеделникот, откако излезе на модната писта без шминка на лицето, а сега се надева дека ќе ги инспирира другите жени да се чувствуваат удобно во сопствената кожа.
Пласманот во финалето го опиша како неверојатно искуство, додавајќи дека не ѝ се верува дека влегла во финалето на овој начин, односно без разубавување“.
„Ова многу ми значи затоа што чувствувам дека многу девојки од различни возрасти се шминкаат затоа што се под притисок да го направат тоа“, рече таа.
„Никогаш не сум почувствувала потреба да ги исполнувам стандардите за убавина. Неодамна прифатив дека сум убава во својата кожа и затоа решив да се натпреварувам без шминка,” објасни таа.