Септември е месец за поддршка на дечињата кои боледуваат од рак, а по тој повод од невладината организација САНО организираа прекрасен настан. Во саботата, 3-ти септември, пред Клиниката за детски болести се собраа група луѓе кои со светилки во рацете им пееја на дечињата кои престојуваат во болницата.
Толпата ја пееше „За овој свет“ од Тоше Проески, а од здружението САНО велат дека ист настан ќе се организира и следната сабота, односно на 11-ти септември.
„Пеевме за дечињата од хематологија. Секоја сабота во 20 часот ќе има пеење.Го снимив видеото единствено за да знаете дека и вие некоја сабота можете да им ја развеселите вечерта на овие деца кои цела година немаат излезено од клиниката.
Вечерва имаше средношколци, родители на деца што победиле канцер, но и други граѓани како нас што едноставно сакаме да развеселуваме детски срца“, пишува во видеото објавено на Фејсбук од Бранка Костиќ Марковиќ.