Пацифичката островска држава Палау го регистрираше првиот случај на инфекција со коронавирусот. Властите на Палау соопштија дека еден маж се заразил пред извесно време, но дека веќе не бил во опасност од ширење на инфекцијата.
Станува збор за патник кој дошол во Палау на почетокот на мај.
За време на двонеделниот карантин, неговиот тест за ковид 19 бил негативен, но при понатамошно тестирање се покажало дека има корона, пренесуваат медиумите.
Патем, Палау, како и многу други островски држави, целосно се затвори во март минатата година.
Таквата политика го заштити населението околу 19.000, од ковид 19, но со драматични последици за туризмот и целата економија на земјата.