Том Круз е еден од најпосакуваните актери на холивудската сцена денес, а ретко кој се сеќава дека беше во брак со актерката Мими Роџерс, која го вовлече во култот кој ќе стане ѕвезда-водилка во неговиот живот.
Токму скиентологијата беше таа која му го сврте животот наопаку, а последиците денес се повидливи од кога било.
Актерот е еден од најголемите заговорници на скиентологијата денес. Поради неа, неговите бракови пропаднаа, а децата малку по малку се одрекуваат од него и од неговото презиме. Ќерката Сури не ја видел со години, а посвоената ќерка ја скарал со поранешната сопруга Никол Кидман, поради што пред само неколку години тие го обновиле контактот.
Актерот е во лоши односи и со поранешната сопруга Кејти Холмс, како и со речиси секоја жена со која некогаш бил во врска или брак.
За потсетување, Мими и Том беа во брак од 1987 до 1990 година. Мими уште како дете била дел од скиентолошката црква и израснала по нејзините правила.
Таа го вовела Том во тој свет, а потоа, на чудење на сите, излегла од приказната. Роџерс денес повеќе нема никаква врска со озлогласената „црква“, што е прилично неочекувано по сè.
По разводот со Круз, таа остана запаметена по нејзината изјава за магазинот „Плејбој“ дека тој мислел дека мора да биде во целибат за „да ја одржи чистотата на својот алат“.
Парот се запознал на вечера во текот на снимањето на „Top Gun“, а како што подоцна изјавил Том, во истиот момент почувствувале „искри“ и се вљубиле еден во друг.