Албанија не може да се пофали со многу успешни манекенки и модели на светско ниво, но се чини дека Енди Демнери ќе биде онаа што ќе го промени тоа.
Во ноември минатата година, убавата бринета ја претставуваше Албанија на изборот за Мис Универзум, а иако не постигна висок пласман, ја маѓепса светската јавност. Така барем покажаа гласовите од публиката, според кои Енди е една од топ 5-те финалистки на изборот.
Многумина ја сметаат за најубава Албанка, а тамошната јавност често шпекулира дека таа направила низа естетски интервенции на лицето. Таа категорично го демантираше тоа, посочувајќи дека од мала има полна уста и мал нос.
Атрактивната Албанка беше гостинка на Модната недела во Милано во февруари и јуни 2023 година. Таа особено се истакна кога се појави на една од модните ревии на „Dolce & Gabbana“ облечена во корсет обложен со циркони.
Таа ги красеше насловните страници на магазинот „Harper’s Bazaar“ во Грција и Бугарија.
Енди студира меѓународни односи на Универзитетот во Тирана и зборува четири јазици – албански, англиски, турски и италијански.