Пенелопе Круз важи за една од најубавите жени на светот. Со својата појава го одзема здивот и неверојатно е тоа што оваа прекрасна жена има 48 години, бидејќи изгледа многу помладо.
Инаку, познато е дека актерката не практикува ботокс и таа смета дека брчките се дар, а не проклетство. Иако својата младоликост во голема мера ѝ го должи на генетиката и правилната нега, Пенелопе има уште еден трик поради кој може да се пофали со фантастична става.
Нејзиниот пристап кон исхраната е едноставен – се фокусира на храна што прави да се чувствува добро. Тоа значи дека одредени намирници не ги смета за лоши, туку за помалку здрави.
Исто така, Круз обожава медитеранска исхрана, која се заснова на многу немасни протеини, цели житарки, свеж зеленчук и јаткасти плодови. Кога може, во своите рецепти користи многу свежо авокадо и екстра девствено маслиново масло.
Исхраната на Пенелопе Круз
ПОЈАДОК
Пенелопе има многу обврски, поради кои често е во движење, но и во такви ситуации се труди да се храни здраво. На нејзиното мени за појадок многу често може да се најдат јајца и сланина. Кога има повеќе време, приготвува малку покомплициран појадок што вклучува англиски мафин без глутен со авокадо и поширани јајца на врвот. Често јаде и грчки јогурт со сезонско овошје и малку мед.
РУЧЕК
Нејзиниот ручек е многу лесен, а често се состои од сала со печена риба и зеленчук. Актерката порано често уживала во хамбургер и помфрит, но одлучила тоа да остане во минатото. Често консумира ориз, како и разни житарки, а ако нема време, со себе секогаш носи хумус и стапчиња од зеленчук.
ВЕЧЕРА
За вечера обично јаде сè што е свежо, но некогаш се случува да изеде и некакво црвено месо. На нејзиното мени често може да се најдат риба, јагнешко месо и некои немасни парчиња црвено месо, сервирани со нејзиното омилено јадење од ориз и грав.
УЖИНА
За ужина обично јаде јаткасти плодови, како бадеми или кикирики, а желбата за благо ја задоволува со свежо овошје, наместо со преработени енергетски плочки.
Актерката одбегнува намирници како глутен, алкохол, месни преработки…. А наместо да поминува со часови во вежбалница, практикува Бикрам јога. Иако нејзиниот основач со години е на црна листа поради бројните престапи, неговиот пристап за симнување килограми и тоа како дава резултати, бидејќи вежбите се изведуваат во загреана просторија, а тренинзите траат и до 90 минути.
Можеби се чини дека ваквиот начин на исхрана е малку ригорозен, но актерката понекогаш знае и да ги прекрши правилата, иако тоа се случува само одвреме-навреме.