Тејана Тејлор важи за една од најзгодните жени на светот, а атрактивната кантавторка и кореографка не се срами да покаже со што располага кога и да има прилика за тоа.
Неодамна таа била една од славните гостинки на отворањето на новата „Swarovski“ продавница во Њујорк, а иако имала остра конкуренција, дефинитивно успеала да привлече најмногу внимание таа вечер.
Таа се појавила во ласцивна комбинација која не можела да пројде незабележано и која секако не би можела секоја жена да ја изнесе, но во целост била во стилот на Тејана. Таа обожува екстравагантни, а оскудни креации.
Славната 32-годишна Тејлор избрала црно, тесно, долго здолниште со циркони со ултра низок струк кое ги открило не само нејзините извајани стомачни мускули туку и дел од задникот, што јасно се видело кога се свртела.
Со здолништето, Тејана носела и импровизиран топ од светкави кристали кој исто така малку оставил на фантазијата.
Целиот аутфит го надополнила со црни салонки, светкав накит и шик фризура, а можеме да утврдиме само едно – малкумина останале рамнодушни на изданието на Тејлор.
За потсетување, таа во 2021 година беше прогласена за најатрактивна жена на планетата од страна на машкиот магазин „Maxim“.
Покрај тоа, веќе со години ја следи епитетот на жена со најдобро тело во светот на шоубизнисот, а истиот го доби во 2016 година кога се појави во спотот за песната „Fade“ на Канје Вест, кога кадрите во кои таа заводливо танцува во минијатурен комплет го воодушевија светот.