Најма Садеки, 20-годишна авганистанска јутјуберка, која го документирала секојдневниот живот во Кабул со своите пријатели, сподели трогателна проштална порака.
Пораката е снимена само неколку дена пред да биде убиена во терористички напад на аеродромот со нејзиниот брат и братучед, пренесува Си-Ен-Ен.
Таа уживала во снимањето видеа додека готви и слуша музика или истражува по улиците на главниот град, но четири дена откако Талибанците дојдоа на власт, снимила видео во својата спална соба во кое ги расплака своите придружници.
“Сите сме во куќите, немаме можност да излеземе, да работиме или студираме. И покрај тоа што рековме дека немаат проблем со нас жените, не им веруваме на талибанците поради нивното минато“ рече девојката.
“Животот во Кабул стана многу тежок, особено за оние кои некогаш беа слободни и среќни. Посакувам ова да беше само грд сон и еден ден да се разбудиме. Но, знам дека тоа не е можно и за нас е предоцна … “, додаде таа.
Најма признала дека се плаши да оди по улиците на Кабул откако пристигнале талибанците, и ги замолила своите придружници да се молат за неа.
Таа отишла на аеродромот со нејзиниот брат и братучед тој кобен ден за да се качи на нејзиниот спасувачки лет, но за жал никогаш не пристигнала.
Таа била убиена во самоубиствениот напад минатиот четврток, заедно со 170 други Авганистанци.
Студирала новинарство во Кабул и била на последната година на студии, а неодамна се приклучила на каналот „Авганистански инсајдер“, кој има повеќе од 24 милиони прегледи на „Јутјуб“.
„Работев за да заработам доволно за да платам за дневните трошоци и школувањето“, вели Најма во видеото.
Многу влогери во Авганистан сега ја загубија работата и немаат приход и ги затворија профилите на социјалните мрежи.