Има само 14 години, но ќерката на популарната манекенка Алесандра Амброзио деновиве била главна ѕвезда во Бразил.
Прво мајка ѝ ја однела на забава на модната куќа „Гучи“, каде Алесандра пристигнала во интересен макси-фустан со долги ракави, украсен со црна ружа, додека Ања Луиза носела дводелен комплет составен од панталони и наметка, како и краток корсет.
Во текот на утрешниот ден мајката и ќерката продолжиле со забавата кога Ања била во придружба на мајка ѝ на роденденската забава на бразилската пејачка Анит. За таа прилика манекенката носела тесен фустан, додека нејзината ќерка носела мини-фустан со прорези под градите.
Иако многумина коментирале дека стилот на Ања не е прикладен за дете од 14 години, Алесандра не се осврнала на коментарите и ѝ дозволила на својата миленичка да носи што сака.
Некогашниот ангел на „Викторија Сикрет“ покрај ќерката го има и синот Ноа (10), а го добила со американскиот бизнисмен Џејми Мазуро со кој била во брак до 2005 година до 2018 година.