Често на големите фудбалски натпревари втрчуваат различни навивачи на теренот, па на минута или две го прекинуваат мечот за да привлечат внимание, но во финалето на Лигата на шампиони меѓу Ливерпул и Тотенхем (2:0) се појави девојка во танга, чии фотографии веднаш привлекоа внимание.
https://www.instagram.com/p/Bxqsg7clCD7/?utm_source=ig_web_button_share_sheet
Девојката се вика Кинзи Волански, а е сопруга на познатиот руски Јутјубер, Витали Здоровечки, која на своето боди го имаше испишано името на новата страница на својот сопруг.
Бидејќи финалниот меч според прикажаната игра не беше интересен, многумина на шега сметаат дека девојката беше најдобар играч на натпреварот.