Габриеле Бербени, газда на пицеријата “Бага“ во италијанското место Сондрио, овие денови заврши во медиумите по соопштението што го стави на вратата, преку кое на немирните деца им се забранува влез во неговиот угостителски објект.
“ Деца без надзор, кои трчаат по сала, викаат и влечат столчиња, ги спречуваат останатите гости. Таквите деца си земам за право со лепливи ленти на устата да го однесам во кујната да мијат садови “, стои на почетокот на соопштението кое ја збесната јавноста во Италија.
Бербени ѝм рече на новинарите дека пораката е со шеговит тон, но од намерата на немирните деца да им забрани влез нема да се откаже.
-Гостите во нашиот локал имаат право во потполн мир да уживаат во ручекот или вечерата, без им сметаат немирните деца кои вриштат. Можете да дојдете кај нас без деца, отидете во друга пицерија, или да останете дома“, вели Бербени.
https://www.instagram.com/p/B6Qp7UZImqT/?utm_source=ig_web_button_share_sheet