Победникот на Евровизија во 2016 година беше меѓу оние кои мораа да бараат засолниште по избувнувањето на војната во Украина. По низата шокантни најави, таа сега се вклучи во телевизиско шоу и не можеше да ги задржи емоциите.
Популарната оперска и џез пејачка Сузана Алимивна Џамаладинова, попозната како Џамала, која победи на Евровизија во 2016 година со песната 1944, е една од оние кои станаа бегалци во првите денови од руската инвазија на Украина.
Таа во својата песна пееше за присилните депортации на Кримските Татари од страна на Сталин, а сега и самата некако ја доживеа судбината на своите предци.
Откако сподели шокантни објави на Инстаграм откако успеа да побегне од Украина, Џамала сега се приклучи на ТВ шоу во живо.
זמרת על הכוונת | ג'מאלה, זוכת האירוויזיון האוקראינית שנמלטה מארצה בריאיון ל-@mayarachlin: אני לא מרגישה בטוחה גם עכשיו. סימנו אותי, פחדתי שאהפוך למטרה. מצפה מהקהילה הבין-לאומית שלא יהיו אדישים. מודה לאירוויזיון על ההחלטה להדיח את רוסיה מהתחרותhttps://t.co/UtIl7HqwTY#ערבערב pic.twitter.com/TKoyqMBYlm
— כאן חדשות (@kann_news) February 28, 2022
-Русија ја напаѓа мојата земја. Мирни луѓе во украинските градови. За мене ова е глупост. Ни треба поддршка од целиот свет. Оваа војна мора веднаш да заврши – изјави Џамала.
Таа рече дека нашла засолниште во Турција откако слушнала експлозии во близина на нејзиниот дом во Киев.
-Во Истанбул пристигнав вечерва со сестра ми. Решив да го напуштам Киев вечерта на 24 февруари, кога се слушнаа експлозии во близина на мојата куќа. Решивме да одиме со децата во западна Украина – во Тернопил, а можеби и во Лавов. Ноќта ја поминавме таму во едно село со некои луѓе. Размислувавме да останеме таму и да почекаме малку да видиме дали ќе се разјасни ситуацијата – изјави пејачката.
Меѓутоа, бидејќи не можела да стигне до аеродромот во близина на Киев, Џамала заминала во Истанбул со своите деца.
-Не верувам некако. Дури и во 2016 година, кога отидов на Евровизија со мојата песна 1944, беше поинаку. Во цела Русија имаше голема медиумска кампања против моето семејство. Сега не се чувствувам безбедно – вели Џамала.