Маја Оџаклиевска се прости од долгогодишниот соработник и колега Сања Илиќ кој на 70-годишна возраст вчера почина од коронавирусот.
Веста пејачката ја дознала од новинарите кои ја контактирале, па останала буквално шокирана.
-Не сум слушнала, што зборувате вие, јас сум на село. Дали е тоа можно?, – потресно изговорила Оџаклиевска.
Таа додала дека многу соработувале и дека биле блиски пријатели.
-Не знам ама мене ми е ненормално да умре човек на негови години. Тој за мене се уште е млад, -со солзи раскажува Маја за српските медиуми.