ЗА МАЛКУ ЌЕ И ЈА ОТКИНЕШЕ РАКАТА: Тенисер погоди девојче кое собираше топки со 230 км на час (ВИДЕО)

by Тони Зографски

Работата на обирачите на топки крај тенискоте терени може да биде и опасна.

Имено, за време на мечот со Алберт Рамос во Хамбург, казахстанскиот тенисер Александар Бублик ненамерно со топка го погоди девојчето кое собираше топки од другата страна на теренот.

Ваквата ситуација се случи на мечот кога Казахстанецот, Бублик сервираше ас и топката отиде директно кај девојчето откако го погоди сервис полето на Рамос. Топката, која достигна дури 227 километри на час, го погоди девојчето во раката.

На крајот од мечот, Бублик го совлада Шпанецот со 2-0 во сетови 6-2, 7-6.

https://twitter.com/i/status/1308452999128403970

останати вести

Social Media Auto Publish Powered By : XYZScripts.com