На улиците на Буенос Аирес цело утро владее хаос и еуфорија за пречекот на фудбалерите кои го освоија Светското првенство во Катар.
Авионот со светските шампиони од Катар слета рано наутро по средноевропско време во Буенос Аирес. Илјадници Аргентинци излегоа да ги поздрават националните херои.
Прославата можеше да се претвори во вистинска трагедија, која била избегната во последен момент. Имено, Леандро Паредес, Родриго де Пол, Лионел Меси, Анхел ди Марија и Николас Отаменди биле во задниот дел на врвот на автобусот кој ги возел низ улиците на Буенос Аирес. Додека пееле и ги поздравувале фановите наишле на жици од струја. За среќа, тие навреме ги наведнуваат главите и го избегнуваат најлошото. Паредес остана без капата.
¡CUIDADO CON LOS CABLES MUCHACHOS! Insólito momento en la llegada de los campeones del mundo a Argentina.
Se le voló la gorra a Leandro Paredes. pic.twitter.com/mUfGmOTQdU
— ESPN Argentina (@ESPNArgentina) December 20, 2022