Најскапите лежалки во Црна Гора се на Кралевската плажа и Милочер, каде за цел комплет треба да се издвојат фантастични 120 евра. За тие пари може да се закупи одлично опремен апартман во центарот на Будва, со поглед на море и тоа за две ноќи.
На останатите плажи на црногорскиот брег е поевтино, па така во Могрен комплетот лежалки со чадор изнесува 25 евра на ден, додека на популарната плажа Каменово чини 20 евра. На Јаз комплетот е само 10 евра, но за истата услуга ако си во близина на кафуле или ресторан треба да се издвојат до 35 евра.
На барската и улцинската ривиера комплетот две лежалки со чадор може да се најде до 10 евра.