Срамен инцидент се случи за време на директниот пренос на МРТ2 од натпреварот Македонија – Јапонија во рамките на првото коло на Светското првенство во ракомет. Имено,уредникот на спортската редакција на албански јазик во МТВ, Мустафа Адеми, кој коментирајќи ги случувањата од Минхен во ниту еден момент не го изговорил името на капитенот на Вардар туку кога тој бил во центарот на вниманието за него го користел терминот „играчот со број пет“.
Не е тешко да се погоди дека наводно причина за ваквиот однос на коментаторот е напуштањето на Стоилов на манифестацијата „Спортист на годината“ заради двојазичноста на манифестацијата.
Сега е на потег МРТ.
Gazetari shqiptar i sportit në TVM2, Mustafa Ademi injoron totalisht emrin e Stojance Stoilovit ⬇️⬇️
Posted by infosport.mk on Saturday, January 12, 2019