Отсекогаш се претпоставувало дека платата на порно актерите има многу нули. Земајќи го во предвид соголувањето, жешката акција и сексуалните активности пред камерите, не е чудно што преовладува ваквата теорија. Сепак, еден од водечките агенти во порно индустријата, Дерек Хеј од LA Direct Models, открива дека заработката во овој бизнис е прилично мала.
Дерек во својата компанија вработува над 2.000 порно актери, а како што вели, цената зависи од тоа што се спремни да направат. Ако жените се согласат на сцени со анален секс, двојна пенетрација, ќе заработат повеќе, но тоа не важи за мажите. Како што истакнува Дерек, жената во порно филмовите треба да ја има главната улога, додека улогата на мажите е споредна. Причината за тоа лежи во статистиката дека публиката на порно филмовите е 70% мажи и 30% жени.
Дерек откри дека актерките во просек заработуваат околу 1.000 долари за секс сцена со маж, додека за секс сцена со жена ќе наплаќаат околу 700 долари. Овие цени варираат за околу 10%, во зависност од тоа дали актерот или актерката се познати, од нивната возраст, изглед и агент.
„Актерките наплаќаат посебно и дополнително за прва сцена со анален секс, прва сцена со актер од друга раса, прва сцена со тројца, четворица или повеќе мажи и слично“, изјави Хеј за Independent, посочувајќи дека сумата обично е помеѓу 2.000 и 6.000 долари.
Иако разликата во платите меѓу мажите и жените преовладува речиси насекаде, порно индустријата е исклучок. Филмовите најмногу се фокусирани на жените, нивните гениталии, телото и лицето. Дополнително, владее мислењето дека жените се тие кои најмногу губат доколку се вклучат во овој бизнис. Така, мажите во порно филмовите се „поевтини“ бидејќи заработуваат од 100 до 150 долари по сцена.
Интересно е што статистиката покажала дека секоја секунда на интернет гледаат порно филмови по 300.000 луѓе, од кои жените сочинуваат 25% до 33% од гледачите.
Извор: Kajgana.com