Во Швајцарија од понеделник повторно ќе бидат отворени угостителските објекти, но гостите ќе мораат да ги оставаат своите лични податоци. Во рамките на потребните мерки за заштита со цел спречување на ширењето на коронавирусот, швајцарските власти се одлучиле за наједноставниот начин.
Имено, угостителите од своите гости ќе мораат да ги земаат личните податоци, име, адреса, број на мобилен телефон и ќе мораат да ги чуваат две недели.
Така, гостинот кој оди во кафуле или ресторан и нарачува пиво, кафе или бифтек, ќе треба прво да остави и лични информации.
Ова важи и за резервации на маси, но и за спонтани посети на ресторани.
Личните информации собрани од угостителите треба да им олеснат на здравствените власти да откриваат контакти во случај на инфекција на еден од гостите.
Во Швајцарија, најмногу четири лица ќе можат да седнат на една маса.
Сите гости мора да седат и меѓу масите да има растојание од најмалку два метра.