Директорот на Државен пазарен инспекторат Стојко Пауновски, На денешната прес-конференција изјави дека протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти.
– Протоколите се донесени за да ги спроведуваат угостителите и тие се одговорни да бараат лични карти и да даваат соодветни места на оние кои ќе дојдат кај нив, па согласно тоа ќе преземаат мерки. Келнерот односно газдата ќе ги спроведува протоколите, а не инспекторите, ние вршиме контрола кај угостителите. И 12 лица може да бидат на маса, но да се распоредени со соодветна дистанца, рече Пауновски.
-Инспекторатите нема да ги казнуваат гостите во угостителските објекти, туку фирмите доколку не се почитуваат протоколите за работа, најави директорот на Пазарниот инспекторат, додаде Пауновски.
Претседателката на Инспекцискиот совет, Магдалена Филиповска-Грашкоска истакна дека во наредните 10 денови ќе се вршат информативни посети на угостителите.
-Планирано е тимови да вршат информативни посети и да ги едуцираат угостителските објекти. Целта е еднаш на секому да му образложи протоколот, изјави Филиповска-Грашкоска и додаде дека доколку не се почитуваат правилата ќе има казни.