Народите од Медитеранот веруваат во амајлијата “сино око“, односно, назар, како што ја нарекуваат Турците.
Назар е амајлија во облик на око и оној што ја носи го штити од уроци. Тајната е во синиот камен кој е составен од идеална комбинација на стакло, бакар, желези, вода и сол.
Името му потекнува од арапскиот збор назар што значи поглед. Назар често може да се сретне во куќите, автомобилите, канцелариите… во Турција, Сирија, Либан, Египет, Ерменија, Иран, Авганистан, Грција, Ирак, Азербејџан и Кипар.
Најинтересните примероција на назар можат да се најдат во Турција. Ги има со концетрични кругови не само во сина боја, туку и во бела, црна и златна боја. Се разбира, без разлика во каква боја и да е значењето е исто. Окото носи среќа, се поставува во близина на влезната врата како би го одмерила секој гостин, а мајки те во Медитеранот обавезно го ставаат до детските креветчиња како би ги заштитиле детето од уроци.
Инаку, освен класичните назари како сувенири, се наоѓаат и како колекции на накит, па дури постојат и модни креации со такви симболи.