Популарноста на филмот „Барби“ со Марго Роби и Рајан Гослинг во главните улоги стана толку масовна што ја зафати не само модната индустрија, туку дури и сферата на ритуалните услуги. Погребалните фирми во Мексико, Ел Салвадор и ширум Латинска Америка известуваат за пораст на побарувачката за светло розеви ковчези, пишува Дејли Меил.
Оваа услуга беше на листата на услуги минатата година, но токму сега побарувачката често ја надминува понудата, наведуваат сопствениците на погребниот бизнис. На пример, погребалната фирма Оливарес го промовира нивниот ковчег „Куќа на Барби“ со слоганот „За да можеш да се одмориш како Барби“.
Several funeral companies are now offering hot pink #Barbie-themed coffins.
Retarded until the end…#BarbieMovie#Barbiethemoviehttps://t.co/zpk7yaCmlO pic.twitter.com/ErN37UlpjU
— ENIGMA (INTEL) (@MannyLo79) August 3, 2023
„Овој розев ковчег ја претставува искрата и енергијата на незаборавните моменти низ кои живееле. Тоа е потсетник дека нашите приказни заслужуваат да бидат запаметени и славени со боја и живост. Нека оваа почит биде прослава на љубовта, со бојата и незаборавните спомени, “ се вели во промотивното видео на ковчегот.
Погребалната фирма „Алфа и Омега“ во Ахуачапан, Ел Салвадор, нуди ковчег во стилот на Барби и скокна пред овој тренд со лансирањето на нивниот Барби ковчег уште пред околу една година, додека се уште се најавуваше хит филмот. Според погребникот Исак Вилегас, интересот за „раскошниот ковчег“ бил без преседан.
„Сакавме да го промовираме розовиот ковчег затоа што стана тренд и луѓето не контактираа. Од 40-те луѓе кои бараа ковчези, ние веќе потпишавме договор со најмалку 10 нови клиенти. Дури и останавме без залиха“, вели Вилегас.