Една жена од Лонг Ајленд добила идеја како да го сочува бракот, откако открила дека сопругот ја изневерува со кого стигне.
Таа нашла девојка што била иста како неа и одлучила да ја доведе дома. Вели дека тоа го направила за да го спречи мажот да ја изневерува.
Темина Куинтана била скршена откако дознала дека сопругот Брајан ја изневерил по само три години брак. Тогаш ѝ паднала на памет идејата за отворен брак.
„Брајан не беше верен, а јас сум воспитана да направам сè што можам за да го сочувам бракот. Сакам заедно да ја дочекаме староста. Одлучив да му дадам сè што го прави среќен, што и да е тоа…
Решението било да побара своја двојничка на социјалните мрежи и да ја наговори да дојде и да живее со неа и Брајан.
„Се чувствував несигурно кога ја барав таа друга жена. Но штом ја видов, знаев дека ќе му се допадне на Брајан. Признавам дека барав своја двојничка, бидејќи знаев дека Брајан сака такви девојки.“
Темина на крајот ја нашла австралиската манекенка Кира Јохансон, која изгледа исто како неа. Уште поинтересно е тоа што Кира била воодушевена од идејата да дојде и да живее со Брајан и Темина.
Сега велат дека имаат брак од соништата. Тие живеат во многу складна заедница која се заснова на цврсто пријателство.
Двете жени неверојатно си личат, па сите ги прашуваат дали се близначки. За да личат што повеќе една на друга, тие сега носат и иста облека.
А што се однесува до мажот, тој вели дека никогаш не бил посреќен.