Виетнамски лекари спасиле пациент од алкохолно труење откако во стомакот му вбризгале пет литри пиво, објави Дејли меил. Пациентот бил на возраст од 48 години и бил донесен во многу тешка состојба на интезивната клиника во болница во провинцијата Куангчи.
Според информациите, нивото на метанол во крвта му било 1.119 пати повисоко од нормалното. За да го спасат неговиот живот, тие му вбризгале веднаш во стомакот три кригли пиво (околу еден литар). Со тоа го забавиле обработувањето на метанолот од црниот дроб.
Тоа им дало доволно време да ја пречистат крвта преку дијализа. Лекарите му вбризгувале во стомакот на секој час по една кригла пиво. Пациентот дошол при свест по 15-та кригла.