Анџелина Џоли и Бред Пит беа во среќен брак во кој имаа шест деца, и наеднаш следуваше развод што го шокираше светот. Глумицата често може да се види по бутиците, на многумина се запрашуваа колку холивудската двојка троши на своите шест деца.
Имено, откако Анџелина почна да работи во Лондон, а Бред е сеуште во Холивуд, децата мора да летаат од еден до друг родител. Нормално, се користат приватни авиони кај кои цената на картата е три пати поскапа од првата класа во обичните авио компании, односно, изнесува околу 36.000 долари по лице.
Годишните трошоци за професионални телохранители холивудската двојка ја чини 50.000 долари, бидејќи им се потреби девет луѓе во три смени кои би се грижеле за безбедноста на куќата. Бред и Анџели на дадилките ги плаќаат околу140.000 долари годишно, а даваат и 100.000 долари за приватни професори шесте деца да учат разни јазици.
Во калкулацијата не влегоа трошоците за готвачи, возачи, собарки, лични телохранители како и провизиите на разните агенции. Не треба да се заборави ни облеката, храната, проборот за учење и многуте други трошоци на секојдневно ниво.
Но за среќа тие се деца на Анџелина Џоли и Бред Пит кои имаат милионски примања.